Дома Фудбал Валверде се уште размислува: Не знам каде ќе бидам следната сезона!

Валверде се уште размислува: Не знам каде ќе бидам следната сезона!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека се уште се уште не донел одлука дали ќе истане на „Камп Ноу“ и следната сезона.

„Не знам дали ќе бидам тука следната сезона. Никогаш не размислувам далеку за иднината. Два месеци се многу долг период. Има доволно време да размислам“, изјави Валверде.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Секогаш после победа си среќен, но после пораз сите го обвинуваат тренерот. Ако не ја освоиме титулата сите ќе ја бараат вината во тренерот. Така е секогаш“, додаде шпанскиот стратег.

Валверде пристигна во Барселона пред почетокот на сезоната 2017/18 и под негово водство Каталонците ја освоија титулата во Примера, Купот и Суперкупот во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисус разочаран: Што да правам, ми свират од првата минута!

Реал Мадрид во саботата на стадионот Сантијаго Бернабеу ја совлада Севиља со резултат 2:0 …