Дома Фудбал Англија Арсенал вчера испиша историја во Премиер лигата

Арсенал вчера испиша историја во Премиер лигата

Арсенал вчера во рамките од 21-то коло во Премиер лигата го одигра натпреварот против Фулам во кој славеше со 4:1 и така на најдобар начин ја започна 2019 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освен по погодоците овој натпревар ќе биде запаметен и по тоа што за прв пат во Премиер лигата заигра фудбалер кој е роден 2001 година.

Честа да стане најмладиот активен фудбалер во Премиер лигата му припадна на момчето по има Букајо Сако кој е роден на 5-ти септември 2001 година што значи дека неодамна го прослави 17-тиот роденден.

Букајо Сако потекнува од Гана, но е роден во Лондон и е дете на Арсенал игра во нападот на левата страна и е член на репрезентацијата на Англија до 19 години за која на три натпревари постигна еден погодок.

Сако доби прилика во 83-тата минута кога го замени Ивоби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тунис понижен пред очите на Кедира во Монтереј (Видео)

Фудбалската репрезентација на Јапонија со големи чекори е на пат кон следната фаза на Свет…