Денес изминува последниот ден од 2018 година, а како што некои фудбалери имаат година за паметење, така има и оние на кои оваа година им е за заборав.
Минатогодишниот преоден рок резултираше со бројни трансфери за кои клубовите плаќаа десетина милиони евра, но некои од нив барем засега се покажаа како неуспешна инвестиција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хавиер Пасторе
Пасторе дојде од ПСЖ во Рома за 25 милиони евра. Аргентинецот на почетокот на сезоната се мачеше со повреди, а во последните неколку натпревари седи на клупата за резерви.
Навивачите имаа големи очекувања, но Пасторе засега не покажа скоро ништо. Во 11 натпревари за Рома оваа сезона постигна само два погодоци и еднаш асистираше.
Тибо Куртоа
Куртоа на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Челзи за 35 милиони евра. Белгиецот беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, но во досегашниот дел од сезоната брани во катастрофална форма.
Откако потпиша за Реал дури на пет натпревари прими три или повеќе голови сметајќи ги натпреварите за клубот и репрезентацијата.
Фред
Фред во Манчестер Јунајтед пристигна од украински Шахтјор за 58 милиони евра. Но, Бразилецот одигра очајна полусезона за клубот од „Олд Трафорд“.
Настапи на 14 натпревари, а Мурињо во еден момент го пресели дури и на трибините. Постигна само еден погодок и нема ниту една асистенција и може да се покаже како едно од најлошите засилувања во историјата на Манчестер Јунатед. Освен ако Солскјер не го спаси.
Мариано Диаз
Мариано се врати во Реал од Лион во трансфер вреден 22 милиони евра. Шпанецот после доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“ ја зема „седмицата“ на Роналдо и најави голема сезона.
Меѓутоа се остана само најава. Мариано оваа сезона вкупно одигра 10 натпревари и постигна само еден погодок.
Малком
Рома го договори Малком и буквално навивачите го чекаа на улиците, но Бразилецот во последен момент се предомисли и потпиша за Барселона.
За Малком Барселона плати 41 милион евра, но откако Дембеле влезе во форма падна во втор план. Одигра само 296 минути и се пишува дека може да замине во јануари.