Арсенал утре го очекува можеби најтешкиот натпревар на гостувањето против Ливепрул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Топџиите“ патуваат на тешкото гостување кај екипата на Јирген Клоп, која оваа сезона е лидер без пораз во англиската Премиер лига.
Голема задача ќе има Унаи Емери да го запре Мохамед Салах кој постигна шест голови на последните пет натпревари во сите натпреварувања.
На денешната прес-конференција Емери призна дека одбил да го доведе Салах во Пари Сен Жермен.
„Разговаравме за можноста да го доведеме Салах кој тогаш играше во Рома. Малку се сомневавме, а потоа тој потпиша за Ливерпул и ги отстрани сите соменвања. Сомневањата се однесуваа на тоа како би можел да игра за еден голем тим каков што е ПСЖ“.
„Но, денес можам да ви кажам дека Салах е помеѓу најдобрите пет играчи во светот“, изјави Емери.