Првиот напаѓач на Милан Гонзало Игуаин побарал од управата клубот да го пушти во Челзи, пренесува „Спорт Медијасет“.
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари сака повторно да соработува со аргентинскиот фудбалер како во времето во Наполи и има намера да го доведе во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игуаин во овој момент се наоѓа на позајмица во Милан од Јувентус, од Торино би сакале тој да игра во Лондон во вториот дел бидејќи сметаат дека таму повеќе би го покажал својот потенцијал (полесно би добиле 36 милиони евра за откуп). „Росонерите“ и понатаму размислуваат иако неговата плата 8.5 милиони евра би било големо растеретување на буџетот.
Милан е блиску до одлука да го пушти во Англија, а претходно како дел од зделката се споменуваше Алваро Мората кој би можел да тргне во спротивен правец.
Игуаин како и целиот тим на Милан нема добра сезона, постигна седум голови во сите натпреварување, но во Челзи веруваат дека може да ја врати старата форма.
https://www.youtube.com/watch?v=UAj9iNos1vw