Дома Трансфер зона Рабио може во Барселона уште во јануари но проблем прави неговата мајка

Рабио може во Барселона уште во јануари но проблем прави неговата мајка

rabio

Францускиот фудбалер донесе одлука за тоа каде сака да ја продолжи кариера, но се појавија проблеми.

Извесно е дека Адриен Рабио го одигра својот последен натпревар во дресот на Пари Сен Жермен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговиот договор со клубот истекува на крајот од сезоната, а од клубот јасно му ставија до знаење дека нема да игра до крајот на натпреварувачката година.

Така Рабио тргна во потрага по нов клуб, заинтересирани страни има повеќе, но еден клуб посебно го привлече неговото внимание.

Сака во Барселона, желба има од двете страни, па така практично остана уште да се договрат за условите на соработката.

Меѓутоа проблем направи неговата мајка, која како негов агент бара повеќе пари за својот син.

Имено, Рабио при потпишувањето на договорот би требало да добие 10 милиони евра бонус, Каталонците се спремни да платат на ПСЖ пет уште во јануари. Но во тој случај, Рабио и неговата мајка би требало да се откажат од половина од нивната сума, а половина да добие ПСЖ.

Според некои информации мајката на Рабио не прифаќа ваков договор и сака само 10 милиони евра бонус. Тие 10 милиони Рабио би ги добил ако потпише за Барса како слободен играч на лето.

https://www.youtube.com/watch?v=Vq_1x1qo950

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…