Дома Трансфер зона Уште еден дефанзивец пристигнува во Барселона!

Уште еден дефанзивец пристигнува во Барселона!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ќе има уште една опција од јануари, кога е одбраната во прашање, пренесуваат шпанските медиуми.

Валверде потврди дека во јануари на тимот ќе му се приклучи и сенегалскиот репрезентативец Муса Ваг. Тој беше купен уште во август, но поради проблеми со документацијата не можеше да биде пријавен во каталонскиот клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


20-годишниот Ваг е централен дефанзивец кој го држи рекордот за најмлад Африканец кој постигнал гол на едно Светско првенство. Барселона за неговиот потпис му плати 5 милиони евра на Еупен, а во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра.

Каталонците имаа проблеми во одбраната, па клубот вчера и официјално го ангажираше Џеферсон Муриљо од Валенсија.

https://youtu.be/SxFVGaV_t1k

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…