Дома Фудбал Англија Санчез негира дека се обложил за отказ на Мурињо

Санчез негира дека се обложил за отказ на Мурињо

Денес се појавија информации на „Сан“ дека ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез добил облог од 20.000 фунти дека Мурињо ќе добие отказ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Весникот тврди дека Санчез се обложил со својот соиграч Маркос Рохо дека менаџерот ќе добие отказ од Манчестер Јунајтед пред Нова Година.

Меѓутоа, Чиленецот веднаш ја демантираше веста, така што објави слика од весникот и напиша:

„ЛАГА!!! Тоа е ЛАГА! Жозе ми даде шанса да играм за најдобриот клуб во светот и јас кон него имам само благодарност. Ние сме Манчестер Јунајтед. Немам трпение да му помогнам на тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наместо во Интер, Мухаремовиќ би можел да заврши во Премиер лигата

Тарик Мухаремовиќ договори трансфер во Интер, но договор меѓу клубовите сè уште не постои …