Најтрофејниот македонски клуб Вардар се соочува со двогодишна забрана за настап во европските натпреварувања.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, дисциплинската комисија во УЕФА задолжена за Финансискиот фер плеј го суспендираше македонскиот клуб заедно со бугарскиот Левски, додека Спортинг Лисабон помина само со финансиска казна.
Вардар е условно казнет, односно исфрлен од европските натпреварувања во наредните две години, доколку до 31 јануари 2019 година не ги исплати заостанатите долгови, а освен тоа ќе мора да платат и казна од 100.000 евра. УЕФА не го откри долгот на Вардар.
Ваквиот развој на настаните ќе биде дополнителен товар за клубот, кој има заостанати долгови кон сегашните и поранешни фудбалери и работници во клубот.