Дома Трансфер зона Баксуз: Си договорил трансфер во Барселона, но паднал на лекарските прегледи

Баксуз: Си договорил трансфер во Барселона, но паднал на лекарските прегледи

Каталонскиот гигант Барселона во јануари одлучи да ја засили дефанзивната линија на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимот од „Ноу Камп“ на крајот го доведе играчот на Валенсија, Џејсон Мурило на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 25 милиони евра наредното лето. Интересно е што овој Колумбиец не бил прв избор.

Барса прво постигнала договор со дефанзивецот на Сао Паоло, Родриго Чиао, но како што наведува „Глобоеспорте“ овој фудбалер паднал на лекарските прегледи, односно не бил во потребната физичка форма. Тогаш во Барселона се одлучиле за Мурило.

Сепак и понатаму постојат шанси овој фудбалер да заврши во Барселона. Сао Паоло е спремен да го пушти на позајмица до крајот на сезоната, но со обврска Барселона да го откупи за 15 милиони евра.

Чиао и минатото лето имаше проблем со лекарските прегледи кога беше пред трансфер во Атлетико Мадрид и Валенсија кои се откажаа од доведување во истата фаза.

https://www.youtube.com/watch?v=btFQlzQHpS8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…