Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино не можеше да избега од прашањата за отказот на Мурињо и шпекулациите за негово преземање на кормилото на „Олд Трафорд“.
Аргентинскиот стратег истакна дека многу жали за отказот на Португалецот, со кого е многу добар пријател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека во овие пет години имаше многу шпекулации поврзани за мојата иднина. Не можам да одговорам на таквите шпекулации. Не е моја работа што се случува во другите клубови. Концентриран сум на Тотенхем, ни претстои многу тежок период. Сега за нас најважно е четвртфиналето во Купот“, истакна Покетино.
„Сакам да испратам искрени поздрави до Мурињо. Жал ми е поради ситуацијата во која се наоѓа, бидејќи го познавам добро и имаме одлични односи. Тој е многу добар пријател, па поради тоа денешните вести се тажни“, заклучи Аргентинецот.