Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ние не сме најдобар тим во лигата!

Гвардиола: Ние не сме најдобар тим во лигата!

Утре на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити кое ќе се одигра на „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ се лидери на табелата, имаат 10 бода повеќе од Челзи, а тренерот на „Сините“ Маурицио Сари изјави дека Манчестер Сити е најдобар тим во Европа.

„Му бладорам на Сари за комплиментот, но не сме најдобри. За да бидеме најдобри мора да ја освоиме титулата. Ние не сме освоиле доволно трофеи за да бидеме најдобар тим“, изјави Гвардиола.

„Она на што сум најмногу горд е фактот што во последните 15 месеци бевме константни секои три дена. Тоа е најважно. Цели 15 месеци играме на секои три дена и тоа е голема пофалба за играчите кои успеаа да бидат константни“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се насочува кон еден од светските шампиони

Барселона покажува сериозен интерес за Ејмерик Лапорт, известува каталонското издание „Спо…