Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот на Македонија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Екипата на Беласица ќе биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров во првиот меч од полуфиналната рунда, додека Академија Пандев ќе ја пречека прилепска Победа која во претходната рунда го елиминира минатогодишниот победник во Купот, Шкендија.
Првите натпревари од полуфиналето на Купот на Македонија ќе се играат на 27 февруари 2019 година, додека реванш дуелите на програмата се на 10 април.