Дома Фудбал Италија Буфон тврди: Без Роналдо многумина ќе си заминеа од Јувентус!

Буфон тврди: Без Роналдо многумина ќе си заминеа од Јувентус!

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ова лето го напушти Јувентус и реши кариерата да ја продолжи во Пари Сент Жермен.

Буфон за италијанските медиуми зборуваше за разделбата со Јувентус и откри интересни детали.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Имав пријателски разговор со претседателот Ањели и сфатив дека е вистинско време да заминам. Да се биде капитен на Јуве е чест, но во исто време и големо оптоварување. Размислував дали да одам во пензија и тогаш пристигна понудата од ПСЖ,па решив да ја прифатам“, открива Буфон.

Легендарниот голман тврди дека многумина ова лето ќе си заминеле од Јувентус доколку не пристигнеше Кристиано Роналдо.

„Веќе седум години победувате во Италија и се трошите на психички план. Во еден момент се заситувате и сакате нешто повеќе или нешто ново. Мислам дека неколку фудбалери од соблекувалната беа спремни да речат „доста“. Единствен начин да продолжат со нови амбиции беше доаѓањето на Кристиано Роналдо“, открива Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…