Македонската женска ракометна репрезентација запиша убедлива победа во квалификациите за пласман во мундијалскиот бараж.
Нашите ракометарки денес славеа победа против Азербејџан со убедливи 41:22!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште од самиот старт ја наметнавме нашата игра и после десет минути игра имавме предност од пет голови разлика со 8:3, за до крајот на првиот дел да стигнеме до предност од 10 гола (18:8).
Во вториот до израз дојде нашиот поголем квалитет, па во еден момент имавме и плус 20 (37:17).
До крајот стигнавме и до 41 гол и победа од 19 гола разлика.
Најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска со 11 година, додека Серафимова запиша девет интервенции.
Утре од 18:00 часот ќе го играме натпреварот против Исланд.