Дома Останати Ракомет Вардар се спаси од пораз кај Мешков Брест

Вардар се спаси од пораз кај Мешков Брест

Мешков Брест и Вардар ремизираа (31:31) во натпревар од 9. коло во група А во ЛШ.

Добар натпревар прикажаа и двата тима, а на крајот победник во овој дуел не добивме.

Домашните ракометари имаа подобро отварање на натпреварот. Имаа константна предност, а Вардар дури во финишот дојде до предност, но сепак на полувреме заминаа со гол помалку, 14:13.

Ракометарите на Мешков тргнаа одлично и во вториот дел. Доминираа на теренот и на 13 минути до крајот имаа предност од шест голови предност (27:21).

Сепак, Вардар се врати во натпреварот. Успеа со одлична игра да се врати во натпреварот и на крајот да изборат нерешен резултат.

Најефикасен кај домакините беше Дарко Џукиќ со седум гоови, а кај нашиот шампион Кристопанс постигна осум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ТБВ Лемго со сензационална победа против Фуксе Берлин

ТБВ Лемго приреди големо изненадување со победа над Фуксе Берлин од 37:36, додека Ерланген…