Дома Фудбал Ибра се потсети на деновите во Јуве и односот со Капело

Ибра се потсети на деновите во Јуве и односот со Капело

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во разговор за Би-Би-Си се присети за многу анегдоти од неговата кариера, а некои од најинтересните ги доживеал во Јувентус.

Да потсетиме, Ибра дојде во редовите на Старата дама од Ајакс во 2004. година, но тогаш имаше само еден проблем- не постигнуваше погодоци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што самиот кажува, головите во тој период од кариерата не му биле толку важни, но подоцна сфатил дека е напаѓач и мора да почне да постигнува погодоци доколку сака да биде важен дел од тимот. Во тоа му помогнал Капело и тоа на тежок начин за Златан.

„Постигнувањето погодоци не ми беше толку важно на почетокот на кариерата. Повеќе бев сконцентриран на техниката. Во еден момент сфатив дека сепак морам да постигнувам погодоци бидејќи сум напаѓач и ако не го правам тоа, нема да им бидам потребен.“

„Тоа се промени кога пристигнав во Јуве. Се беше ново за мене. На првиот тренинг го слушнав Капело како зборува: Ибра! Ми покажа кон некои играчи од академијата. Тие ми нафрлуваа топки а јас давав голови. Тоа секој ден траеше 30 минути. На крајот станав машина пред голот.“

Напаѓачот на ЛА Галакси се присети и на еден натпревар против Милан во кој порача дека Неста и Малдини на напаѓачите им давале само пола шанса.

„Се сеќавам на натпреварите против Милан кога игравме против Малдини и Неста. На тој натпревар можеш да добиеш пола шанса. А зад нив е Дида. Сепак, има среќа бидејќи соиграчи ми беа Буфон, Турам и Канаваро. Доколку ги поминеш добиваш удар, а тогаш мора да го поминеш и Буфон.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…