Дома Фудбал ВИДЕО: Играчите на ПСЖ жртви на скриена камера – им се соопштуваа нови правила!

ВИДЕО: Играчите на ПСЖ жртви на скриена камера – им се соопштуваа нови правила!

Фудбалерите на ПСЖ беа жртви на една скриена камера.

Неколкумина фудбалери на францускиот шампион беа повикани за да им се соопштат наводните нови правила од наредната сезона, а сите беа во неверување кога ги слушаа.

Кога им беше кажано дека ќе им биде забрането плукање на теренот, дека ќе мораат да дигнат рака за да му се обратат на судијата, како и дека прославата на голот ќе трае 10 секунди, реакциите беа урнебесни.

„Жолт картон за пцовки? Па ќе имаме осум црвени картони по натпревар“, кратко прокоментира Ласана Диара.

Во продолжение погледнете ги нивните реакции…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…