Дома Фудбал Останато Сега станува јасно: Роналдо нема да се појави на доделувањето на „Златната топка“!

Сега станува јасно: Роналдо нема да се појави на доделувањето на „Златната топка“!

Кристиано Роналдо нема да се појави на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ која ќе ја додели „Франс Фудбал“ на 3-ти декември.

Италијанските медиуми утрово пренесуваат информација дека ѕвездата на Јувентус нема да се појави на доделувањето на наградата, а тоа е сосема јасен знак дека нема да биде прогласен за најдобар играч во светот за 2018 година.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што сега стојат работите во главна конкуренција остануваат имињата кои пред неколку дена ги објави „Л’Eкип“, а тоа се Килијан Мбапе, Рафаел Варан и Лука Модриќ. Вчера италијанскиот новинар Танкреди Палмери пренесе информација дека и Гризман би можел да стигне до престижното призаниние, но тоа е малку веројатно.

За главен фаворит важи Модриќ кој ги собра наградите за најдобар од ФИФА и УЕФА.

Кој и да ја освои станува јасно дека ќе биде прекината десетгодишната доминација на Кристиано Роналдо и Лионел Меси. Ќе потсетиме, Роналдо и Меси имаат освоено по пет „Златни топки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси на чекор до потпис со фудбалер од 70 милиони евра

Ксави Симонс не тренираше со групата на РБ Лајпциг во петокот и не се очекува да биде во с…