Дома Трансфер зона Арсенал спреми понуда за ѕвездата на Виљареал

Арсенал спреми понуда за ѕвездата на Виљареал

Менаџерот на Арсенал е силно заинтересиран за ѕвездата на Виљареал, Пабло Форналс, пренесуваат англиските медиуми.

Форналс е приориритет на „топџиите“ во зимскиот преоден рок и веќе спремаат понуда од 20 милиони евра за играчот за врска на „жолтата подморница“.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Идејата на Емери е Пабло Форналс да биде заменик за Рамзи, кој е на излезна врата од „Емирати“. Велшанецот одби да го продолжи договорот и на крајот на сезоната ќе си замине како слободен агент.

Виљареал знае за интересот за својата ѕвезда од големите клубови, па наскоро ќе му предложи нов договор на Форналс со подобри финансиски услови.

Фоналс оваа сезона одигра 17 меча за Виљареал во сите натпреварувања на кои постигна 3 гола и запиша 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …