Дома Фудбал Останато Нејмар за дуелот со Кавани: Ние сме партнери и колеги, ништо не се случи

Нејмар за дуелот со Кавани: Ние сме партнери и колеги, ништо не се случи

neymar cavani

Пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Уругвај одигран во петокот го обележи судирот помеѓу Нејмар и Едисон Кавани, соиграчите од ПСЖ кои се најдоа на спротивни страни.

Од поодамна е јавна тајна е дека помеѓу двајцата фудбалери има нетрпеливост, а ситуацијата стана интересна после споменатиот дуел помеѓу двајцата фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега на таа тема се огласи и Нејмар кој имаше дипломатски одговор.

„Некои сакаат да направат конфликт таму каде што го нема. Мојот дуел со Кавани е момент на натпреварот и ништо повеќе од тоа. Ние сме колеги и парнтери во ПСЖ, ништо не се случи“, изјави Нејмар.

И Кавани претходно имаше сличен коментар изјавувајќи дека тоа е дуел во жар на борбата бидејќи на теренот емоциите е тешко да ги контролирате.

Иначе токму Нејмар беше единствениот стрелец во натпреварот помеѓу Бразил и Уругвај (1:0).

https://www.youtube.com/watch?v=rFLD9yV1lpE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…