Италијанските гиганти „полудеа“ за талентот на Бреша Сандро Тонали, а медиумите пренесуваат дека Интер веќе ја испратил првата понуда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ понудиле 15 милиони евра плус дополнителни бонуси за младиот талент, кој доби повик од репрезентацијата и се очекува да дебитира во вторник на мечот против САД.
Тонали игра за Бреша во Серија Б, но со своите партии веќе го привлече вниманието на сите големи италијански клубови и го доби епитетот „новиот Пирло“.
Покрај Интер, сериозен интерес за Тонали покажувата уште Милан, Јувентус, Рома и Наполи. Меѓутоа „нероаѕурите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и веќе испратиле првична понуда за 18-годишниот плејмејкер.
Меѓутоа, понудата е далеку од цената која ја постави Бреша за својот „бисер“. Имено, тие бараат најмалку 25 милиони евра за да го пуштат Тонали.
https://youtu.be/u_Y1J8XRePQ