Како и во летниот преоден рок така и во јануарскиот Жозе Мурињо ќе се обиде да ја засили одбраната.
На Островот сега пишуваат дека Мурињо означил две мети – Диего Годин и Милан Скриниар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Британците Годин би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 20 милиони евра, додека за Скриниар би требало да платат дури четири пати повеќе.
Сепак, во Јунајтед се надеваат дека можат да го искористат тоа што „нероаѕурите“ би можеле да се соочат со проблем поради ФФП (финансискиот фер-плеј).
Тоа се двете главни мети, но на листата наводно се уште Тоби Алдервилд од Тотенхем, Гери Кејхил од Челзи и Никола Милинковиќ од Фиорентина.
Португалецот е спремен целосно да го „реновира“ централниот дел на одбраната бидејќи оваа сезона само на три натпревари Манчестер Јунајтед не прими погодок, иако на голот има голман каков што е Давид Де Геа.