Вчера, во Неготино се одигра вечното дерби, овој пат во второлигашка конкуренција помеѓу соседите Вардар Неготино и Тиквеш од Кавадарци, а крајниот резултат остана оној почетниот, 0:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како и секогаш, и овој пат навивачите приредија вистински спектакл на трибините. Покрај фер-плеј навивањето, секогаш имало по некоја ситна провокација од двете страни.
После провокацијата од Кавадарчани дека на нивниот стадион нема семафор, соседите сега им вратија со импровизирана локомотива поради тоа што кавадарчани немаат воз.
Погледнете го ова шоу на Винари Неготино.