Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри се враќа во Премиер лигата.
Искусниот француски фудбалер се договорил со лондонски Вест Хем и во овој тим ќе игра во наредната полусезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Насри и натаму е под суспензија од УЕФА поради кршењето на антидопинг кодот, но веќе од јануари може да се врати и одлучи да ја прифати понудата од Лондон.
Насри со новиот договор ќе заработува 80.000 фунти неделно, а ова ќе му биде враќање во Англија каде од 2008. до 2017. година играше за Арсенал и Манчестер Сити.
Покрај овие клубови играше уште за Марсеј, каде ја започна кариерата, а потоа и за шпанска Севиља и турски Анталијаспор.