Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се уште нема намера да ја заврши кариерата, а судејќи според се повторно би можеле да го гледаме на европските терени.
Сезоната за ЛА Галакси е завршена и не е необично играчите од Америка да доѓаат на позајмици во Европа, но Ибра неодамна ја исклучи можноста да биде позајмен и потенцираше дека во предвид доаѓа само целосен трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До овој момент најмногу се поврзуваше со враќање во Милан. Ибрахимовиќ во разговор за француски „Л’Eкип“ зборуваше за својата кариера и играчите со кои имаше прилика да настапува. Швеѓанецот во својата богата кариера играше со голем број ѕвезди, еден од нив му оставил посебен впечаток.
„Патрик Виера е многу важен во мојата кариера. Игравме заедно една сезона во Јувентус и кога го запознав забележав дека размислува поинаку од останатите играчи. Секогаш ми беше поддршка и ми помагаше на теренот, но и надвор од него. Ми покажа дека секогаш морам да го давам максимумот на теренот и дека е важно секогаш да имаш цел. Ме научи да играм на натпреварите, онака како на тренинзите – опуштено. Тој беше феноменален играч, но уште подобар човек. Секогаш беше тука да ме потсети дека треба да давам 120% секој ден“, изјави Ибра.