Дома Фудбал Англија Стерлинг му се извини на Шахтјор и на судијата: Немав намера да симулирам!

Стерлинг му се извини на Шахтјор и на судијата: Немав намера да симулирам!

На синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Шахтјор беше виден еден од најсмешните пенали на фудбалските терени во последно време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главен актер беше Рахим Стерлинг кој недопрен од никого падна како покосен пред противничкиот гол, а судијата Касаи наседна на „симулацијата“ и покажа на белата точка.

Стерлинг не испадна чесен на лице место да му каже на судијата дека не беше пенал, но затоа се извини по завршувањето на мечот.

„Не барав пенал, ниту симулирав. Се спрепнав, но не сакав да изнудам пенал. Единствено што можам во моментов е да се извинам на судијата и на Шахтјор, немав намера никого да излажам“, истакна Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Галатасарај со амбициозен обид за Фоуден

Претставници на Галатасарај стапиле во контакт со Манчестер Сити за да го изразат својот и…