Француските медиуми пренесуваат дека голем број на европски гиганти се силно заинтересирани за напаѓачот на Лил, Николас Пепе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Репрезентативецот на Брегот на слоновата коста постигна осум гола од почетокот на сезоната и со тоа го привлече вниманието на многу европски клубови.
Лил моментално е на третото место на табелата, а Пепе е клучен играч, но би можел да направи трансфер уште во јануари.
Барселона, Јувентус, Челзи, Арсенал, Манчестер Сити, Наполи и Рома се само дел од клубовите кои со спеменуваат како можна дестинација за 23-годишниот напаѓач.
„Мирор“ пренесува дека Арсенал веќе започнал преговори и дека наскоро спрема официјална понуда за напаѓачот.