Дома Трансфер зона Шпанскиот новинар открива: Бејл е непожелен во соблекувалната, Јунајтед спрема „стотка“

Шпанскиот новинар открива: Бејл е непожелен во соблекувалната, Јунајтед спрема „стотка“

Герет Бејл повторно се поврзува со Манчестер Јунајтед и овој пат, за разлика од некои претходни ситуации, можноста за трансфер не е исклучена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред пет години Бејл за 86 милиони фунти го напушти Тотенхем и потпиша за Реал Мадрид, но во последните години започна се повеќе да се поврзува со Манчестер Јунајтед.

Сега се појавија гласини дека Велшанецот не е омилен во соблекувалната на Реал, додека Јунајтед наводно ја следи ситуацијата.

Шпанскиот новинар Едуардо Индуа во емисијата „Ел Чирингуито“ тврдеше дека некои од повлијателните играчи вклучувајќи го и Серхио Рамос му соопштиле на Перез дека Бејл лошо влијае на комплетниот тим.

Бејл во изминатиот викенд против Ваљадолид доби свирежи од трибините, а неговата земена Винисус Жуниор изгледаше многу по опасно за голот на ривалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…