Дома Топ вести Тие се најголемата сензација во Примера: После 11 кола се веднаш зад Барселона! (ВИДЕО)

Тие се најголемата сензација во Примера: После 11 кола се веднаш зад Барселона! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еспањол во вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао запишаа нова победа и така стигнаа до неверојатното за нив второ место после 11 кола.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Единствениот гол на натпреварот го постигна Борха Иглесиас во 42-та минута. Одлично нафрли Дидак Вила, а на вистинското место на другата страна беше Иглесиас кој ја смести топката во мрежата.

Дефинитивно Еспањол заедно со Алавес кој се наоѓа на петата позиција се најпријатните изненадувања во Примера во новата сезона.

Градскиот ривал на Барселона после 11 кола освои 21 бод, три помалку од Меси и друштвото.

Во следното коло Еспањол го очекува тежок испит со оглед на тоа што гостува кај третопласираната Севиља која има еден бод помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Реал Мадрид иницираше вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орлиен Чуа…