Дома Македонски спорт Мак ракомет Во Вардар пристигна со епитет на голем талент, но може експресно да си замине

Во Вардар пристигна со епитет на голем талент, но може експресно да си замине

Овој септември во Вардар пристигна Словенецот, Грегор Оцвирик и беше најавен како голем талент.

Во Вардар пристигна како најдобар стрелец од младинското Европско првенство кое се одигра во текот на летото, но од тој потенцијал во Вардар не покажа ништо. Словенецот доби шанса во СЕХА лигата и беше во составот за гостувањето кај акутелниот шампион во ЛШ, Монпеље и тоа беше се.


Од клубот се појавуваа информации дека е повреден, но од друга страна медиумите во Словенија пишуваат дека младиот ракометар имал проблем во Скопје.

Се наведува дури и дека после разговорот со спортскиот директор на Вардар Едуард Кокшаров дека Оцвирик добил ултиматум од 10 дена пронајде нов клуб, во спротивно би бил суспендиран.

Сепак, изјавата на Оцвирик за словенечки „Дело“ кажува дека Словенецот ги надминал проблеми.

„Не сум планирал да заминам. Јас сум ракометар на Вардар и тоа е се. Имав проблеми, но тие се надминати, сакам да ја завршам сезоната тука“, изјавил Оцвирик.

Оцвирик во декември ќе наполни 20 години, а неговиот договор со Вардар потпишан во септември има важност три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…