На УФЦ 230 овој викенд Даниел Кормиер ќе ја брани титулата во тешка категори против Дерек Луис во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Главниот меч на вечерта се смета за шоу на Даниел Кормиер и Луис се отпишува уште на стартот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кормие поранешен олимпиец во борење и шампион во тешка категорија и човек кој изгубил само од еден борец, Џон Џонс. Неговиот стил се карактеризира со многу борење, дополнет со аперкати и кроше. Колку едноставно и да звучи таа формула во комбинација е неверојатно успешна.
Од друга страна Дерек Луис во овој момент е веројатно најкрупниот борец во тешка категорија. Неговото кардио е во состојба активно да го задржи во борбата 2 до 3 минути, но ударите кои ги задава се „смртоносни“. Неговите противници често пати користат различни техники мислејќи дека би можеле да се извлечат без последици, но вообичаено тука следи десницата на Луис после која од подот гледаат во плафонот.
Покрај борбата за титулата ќе гледиме судири на Крис Вајдмен – Жакаре Соуза и Адесања – Дерек Браун.
https://youtu.be/IUM7PX7RgZA