Дома Фудбал Останато Дефинитивно: Ова е еден од најглупавите потези во фудбалот! (ВИДЕО)

Дефинитивно: Ова е еден од најглупавите потези во фудбалот! (ВИДЕО)

ofsajd

Од Романија ни доаѓа еден најбизарните потези во фудбалот во последно време.

Клуж и Астра пред два дена одиграа интересен натпревар во купот, а гостите славеа со 4:3. Требаше и мораше да биде и 5:3 за Астра, но не беше поради Валенти Џорџ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се играше 123-тата минута кога голманот на Клуж го напушти својот гол за при еден корнер во последните моменти да му помогне на својот тим. Сепак, Клуж ја изгуби топката и следуваше контра.

Двајца играчи на Астра од центарот трчаа кон голот на противникот и за очекување беше да биде постигнат гол.

Ларенти Бус тргна кон голот и ја испрати топката во празната мрежа, а потоа Џорџ кој трчаше пред него без никаква потреба сакаше да го потврди голот, но изгледа заборави дека беше во длабок офсајд, па голот не беше признат.

За негова среќа Астра успеа да победи во натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…