По поразот во Ел Класико, Жулиен Лопетеги доби отказ на клупата на Реал Мадрид.
Како решение вчера веше избран Сантијаго Солари, но Аргентинецот најверојатно ќе биде само привремен избор додека Флорентино Перез не доведе некое капитално име.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од таквите е Роберто Мартинез, селекторот на Белгија, кој во Русија ја одведе репрезентацијата до нејзинот најголем резултат во историјата – третото место. Перез секако би сакал да го види Мартинез на „Бернабе“, но нешто ќе мораат да се прашаат и Белгијците. Поради таквите шпекулации се огласи и фудбалскиот сојуз на Белгија.
„Сака ли Реал да го ангажира господинот Мартинез, најпрво ќе мора со нас да се договори. Без нас, не може да се постигне никаков договор“, јасно порачаа од сојузот.