Дома Фудбал Видео: Манчестер Сити на „Вембли“ покажа кој е шампион

Видео: Манчестер Сити на „Вембли“ покажа кој е шампион

Манчестер Сити излезе како победник од големото дерби на „Вембли“ против Тотенхем и се врати на врвот на табелата.

Херој за „граѓаните“ беше Ријад Марез кој во шестата минута реализираше по проигрувањето од Рахим Стерлинг, а погодокот му го посвети на загинатиот претседател на Лестер.

Во вториот дел Сити имаше уште поголема доминација, но не успеваше да постигне втор гол иако создаде голем број на чисти шанси.

Промашувањата на „граѓаните“ можеше да ги казни Ламела во 79-та минута, но од чиста позиција шутираше над голот, па Сити се врати со трите бода во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…