Реал Мадрид игра катастрофална сезона, а врв на лошите резултати беше вчерашниот дебакл во „Ел Класико“.
И додека се уште не е јасна судбината на Лопетеги и кој ќе седи на кормилото до крајот на сезоната, раководството мисли на иднината и го обезбеди потписот на еден од најталентираните Аргентинци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, ѕвездата на Ривер Плата, Езекил Паласиос е нов играч на „кралскиот“ клуб. Станува збор за 20-годишен играч за врска, кој неодамна дебитираше за сениорската репрезентација.
За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, меѓу кои Атлетико и Барселона, но Реал беше најбрз и постигна договор со Ривер Плата за трансфер вреден 23 милиони евра.
Паласио наскоро ќе потпише петгодишен договор со „кралскиот“ клуб, а на „Сантиаго Бернабеу“ ќе пристигне следното лето.