Синоќа Бохум и Регензбург во меѓусебен дуел го затворија 11. коло во втората Бундеслига. Во неверојатен натпревар на крајот бодовите ги поделија со вкупен резултат 3:3.
Најпрвин гостите дојдоа до водство преку Адамјан во 11. минута, а потоа Бохум во последните моменти од првиот дел израмни на 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа беше резултатот во првото полувреме, а тогаш во 54. минута голманот на гостите стапи на сцена.
Голманот на Регензбург сакаше брзо да изведе слободен удар на својата половина, но направи глупости кога при изведувањето топката се одби од грбот на противничкиот играч, а потоа не му беше тешко да погоди за 2:1.