Дома Фудбал Рамос знае што е најголемата слабост на Лопетеги – она што на Зидан му беше голем адут!

Рамос знае што е најголемата слабост на Лопетеги – она што на Зидан му беше голем адут!

Лидерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сликовито опиша зошто Јулиен Лопетеги не успеа достојно да го наследи Зинедин Зидан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поразот од Барселона со резултат 5:1, беше навистина болен, Реал изгледаше како разрушен тим кој е без идеја.

После овој дебакл, Серхио Рамос помеѓу редови опиша зошто Лопетеги не успеал во Реал.

„Понекогаш водењето на соблекувалната е многу поважно од тактичкото знаење“, изјави Рамос, јасно порачувајќи во што е проблемот.

Токму таа особина кај Зидан се истакнуваше како голем адут. Французинот знаеше како да направи играчите да го остават егото на страна и да избалансира тим полн со ѕвезди.

Можеби Зидан и избра паметен момент кога да замине, но сега Реал е во проблеми. Се бара нов теренер, а во овој момент во пол-позиција изгледа е Антонио Конте.

https://www.youtube.com/watch?v=7RCocU5yARw&t=67s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…