Дома Фудбал Пике после „Ел Класико“: Се надевам сега селекторот знае кого мора да повика во репрезентацијата

Пике после „Ел Класико“: Се надевам сега селекторот знае кого мора да повика во репрезентацијата

Екипата на Барселона вчера го декласираше Реал Мадрид со убедливи 5:1, а стоперот на Каталонците, Жерар Пике после натпревароти испрати и порака до селекторот на Шпанија.

Жорди Алба во последните натпревари на „Фуријата“ не добиваше повик од Луис Енерике во репрезентацијата, а Пике сега смета дека тоа мора да се промени.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се надевам дека се му јасно после ова. Сметам дека Алба мора повторно да добие место во репрезентација“, изјави Пике после „Ел Класико“ и продолжи:

„Знаевме дека можеме да победиме и без Меси, иако секако со него сме многу подобри. Ние сме Барселона, ние сме тим и секогаш играме така“, заврши Пике.

После овој натпревар Барселона веќе создаде добра предност во однос на Реал Мадрид од седум бодови.

https://www.youtube.com/watch?v=7RCocU5yARw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …