Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Ретко кога сме го виделе Ибрахимовиќ вака тажен и разочаран

ВИДЕО: Ретко кога сме го виделе Ибрахимовиќ вака тажен и разочаран

Фудбалерите на ЛА Галакси вчера беа поразени во неверојатен натпревар од Хјустон Дајнамо со 3:2 и така останаа без пласман во плеј-офот.

На Галакси во вчерашниот натпревар му беше потребна победа за го обезбеди местото во плеј-офот, но иако имаа предност од 2:0 на полувремето на крајот беа поразени со 2:3.

После завршувањето на натпревар разбирливо сите во клубот беа во голем шок и неверување, а исклучок не беше и Златан Ибрахимовиќ.

По завршувањето на натпреварот Ибра беше видно разочаран и само седеше на клупата за резерви гледајќи во подот. Ибра оваа сезона одигра 27 натпревари во МЛС лигата и постигна 22 погодоци и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…