Aко им се верува на британските медиуми наредното лето би можеле да видиме еден од најчудните трансфери во последно време, барем како зборуваме за топ клубовите.
„Мирор“ пишува дека Јувентус е заинтересиран за доведување на талентираниот фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден и дека би можел да го доведе за само 175.000 фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фоден со Манчестер Сити има договор до крајот на сезоната, а наводно има проблем околу продолжувањето на соработката. Не е познато што ја кочи работата, но во случај Фоден да не го продолжи дговорот ќе стане слободен играч. Во тој случај Јувентус на Сити ќе мора да му ја плати само оштетата за тренирање.
Фил Фоден оваа сезона не добива многу прилика за игра, а во Премиер лигата на четири натпревари собра само 46 минути. Игра на позицијата централен играч за врска, но може да се кориси и нешто понапред.
Во овој момент тој е и член на младата репрезентација на Англија за која дебитираше овој месец.
https://www.youtube.com/watch?v=afdsZsnwvy0&t=2s