Дома Фудбал Лига на шампиони Липи: Јуве ја предводи групата на фаворити во ЛШ

Липи: Јуве ја предводи групата на фаворити во ЛШ

Славниот италијански тренер Марсело Липи смета дека Јувентус е прв фаворит за освојување на ЛШ оваа сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Старата дама пред два дена го порази Манчестер Јунајтед во гости со 1:0 и оттогаш уште погласно се зборува дека таа е прв фаворит за титулата.

Такво мислење има и Липи кој смета дека Јуве моментално е малку пред Баерн Минхен, Реал Мадрид и Барселона.

„Имам чувство дека ова може да биде сезона на Јуве. Пред година дена реков дека тимот кој игра две финалиња во ЛШ во краток период е многу блиску до најголемите тимови – Барселона, Реал и Баерн. Сега е време да се каже дека Јувентус ја предводи групата на фаворити.“ – изјави Липи за Кориере дело Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Артета: Се извинив на моите играчи на последниот тренинг

АРСЕНАЛ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите првпат по 20 години. Топџиите на …