Стоперот на Јувентус Леонардо Бонучи уште еднаш беше на висина на задачата во победата на Јувентус над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
Старата дама славеше со 1:0, со што дојде до својата трета победа во исто толку натпревари во ЛШ оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бевме цврсти и на Јунајтед не му дозволивме да направи ништо. Овој наш систем добро функционира дури и без Манџукиќ кој не беше тука, а сите свои замисли ги спроведовме во пракса.“ – започна Бонучи, кој го прокоментира и моментот кога Марсијал ја имаше најдобрата шанса на натпреварот:
„Успеа да го заобиколи Кансело, но стигнав да покријам. Мора меѓусебно да си помагаме, кога нешто не стигнам јас, тоа да го направи некој колега од одбраната, како и обратно. Во суштина, на Олд Трафорд се беше совршено.“
Леонардо Бонучи после натпреварот доби посебни пофалби од Жозе Мурињо, кој изјави дека тој и Кјелини можат да предаваат одбрана на Харвард.