Дома Фудбал Лига на шампиони ФОТО: Манчестер Јунајтед преку официјалниот сајт испрати жестока провокација до Јувентус

ФОТО: Манчестер Јунајтед преку официјалниот сајт испрати жестока провокација до Јувентус

Англичаните удираат онаму каде што најмногу „боли“, но и ова сигурно дополнително ќе ги мотивира гостите.

Третото коло во Лигата на шампионите ќе го обележи натпреварот помеѓу двата гигнати на европскиот фудбал Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Причини зошто овој натпревар ќе биде во центарот на вниманието има многу, одиграа некои незаборавни натпревари во минатити, а и списокот на играчи кои настапуваа и за едните и за другите е долг – најсвежи примери се Кристиано Роналдо и Пол Погба.

Меѓутоа официјалниот сајт на клубот од Манчестер го опиша Јувентус на начин на кој сигурно нема да им се допадне на навивачите на „старата дама“.

„Еден од прекарите, освен „Стара дама“ е и Рубентус кој беше доделен од страна на навивачите на Наполи, Фиорентина и Интер. На Италијански „рубаре“ значи „краде“ што се однесува на аферата „Калчополи“ каде што Јувентус беше во центарот на вниманието и во кој беше исфрлен во Серија Б поради местење натпревари“, стои помеѓудругото во соопштените на официјалниот сајт на клубот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алвес купува клуб и прво засилување ќе биде – самиот тој!

Отако жалбата на Дани Алвес беше прифатена девет месеци наназад, искористувајќи го тоа да …