Дома Фудбал Останато Марадона: Медиумите сакаат да ме скараат со Меси

Марадона: Медиумите сакаат да ме скараат со Меси

Неодамна во медиумите се појави изјава на Диего Марадона во која го критикува Лионел Меси, што за многумина беше изненадување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во изјавата во која го критикуваше Меси тој потенцираше дека не може да биде лидер некој кој 20 пати од во тоалет пред еден натпревар, сепак сега се огласи Диего со демант.

Марадона сега, една недела подоцна тврди дека медиумите ги извртеле неговите зборови со цел да го скараат со Меси.

„Она што се случи е обид на новинарите да ме скараат со Меси, но не им успева. Мојот однос со него е посилен од се што може да се напише во медиумите. За мене тој е најдобар во светот“, изјави Марадона.

Ќе потсетиме Марадона во овој момент е тренер на клубот од втората лига во Мексико, Дорадос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА покрена дисциплински постапки против Аргентинците

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена дисциплинска постапка против два…