Дома Останати Кошарка ВИДЕО: Лука Дончиќ веќе ги поместува границите, против Минесота испиша историја!

ВИДЕО: Лука Дончиќ веќе ги поместува границите, против Минесота испиша историја!

Словенечкиот кошаркар се покажа во одлично светло во првиот натпревар пред домашната публика.

Лука Дончиќ пристигна ова лето како трет пик на драфтот во НБА во редовите на Далас.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Неговото деби против Далас не беше нешто посебно, но затоа веќе во вториот натпревар против Минесота го покажа својот квалитет.

Дончиќ натпреварот го заврши со 26 поени и шест скокови, проработи неговиот шут од поле, погоди четири тројки и неколку клучни шутеви во победата 140:136.

Пофалби добива од сите страни, а интересно е што поранешниот кошаркар на Реал веќе во вториот настап за овој тим успеа да се запиша во историјата на Далас.

Имено Дончиќ стана најмладиот кошаркар на Далас кој на еден натпревар постигнал повеќе од 20 поени.

Дончиќ ваков учинок имаше со 19 години и 234 денови, претходен рекордер беше Денис Смит Јуниор (19 години, 347 дена).

https://youtu.be/X-UaUlWIsCQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Oткриени детали: Еве колку точно килограми ослабел Дончиќ

Словенечкиот кошаркарски феномен Лука Дончиќ претрпе забележителна физичка трансформација,…