Дома Топ вести Конте во Манчестер гледаше засилување од 80 милиони!

Конте во Манчестер гледаше засилување од 80 милиони!

Манчестер Сити и Монако синоќа одиграа спектакуларен меч во Лигата на шампиони, а чест да го гледа натпреварот од трибините имаше менаџерот на Челзи, Антонио Конте.

„Сините“ се моментално лидери на табелата во Премиер лигата со одум бода повеќе од „граѓаните“, а двата тима ќе се сретнат на 5-ти април и тоа најварејотно ќе биде дуел кој ќе ја одлучи титулата во Премиер лигата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак вистинската причина за присуството на Конте на трибините е во живо да ги следи неколкуте млади ѕвезди на Монако кои блескаат оваа сезона.

Изминатите месеци Челзи се поврзуваше со неколку фудбалери од „кнежевството“ и тоа Бакајоко, Лемар, Сидибе и Бернардо Силва.

Токму Бернардо Силва е најголемата желба на Антонио Конте, а англиските медиуми тврдат дека „сините“ се спремни да издвојат неверојатни 80 милиони евра за фантастичкиот Португалец.

Тој е трансфер мета на многу клубови шурим Европа, но Челзи е спремен да ја активира неговата откупна клаузула која изнесува 81 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…