Дома Топ вести Сари го „пречкрта“ Мората – носи нов напаѓач од Италија

Сари го „пречкрта“ Мората – носи нов напаѓач од Италија

Раководството и тренерот на Челзи го губат трпението околу Алваро Мората и во зимскиот преоден рок ќе тргнат во потрага по негова замена.

Шпанецот пристигна од Реал Мадрид во летото 2017 година за 65 милиони фунти, но не успеа да се адаптира на најдобар можен начин и веќе втора сезона игра под сите очекувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извори од Челзи тврдат дека клубот сепак не може да чека повеќе и веќе почнал да бара замена, а прва цел е напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

Меѓутоа, цената на Аргентинецот е околу 100 милиони евра и тешко дека Интер ќе се согласи да го пушти во јануари.

Втората цел е напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне, но и тоа ќе биде тешка мисија за „сините“ бидејќи Италијанецот неодамна го продолжи договорот со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…