Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман синоќа блескаше против Баер Леверкузен во ЛШ, но камерите го уловија како влезе во конфликт со тренерот Диего Симеоне.
При резултат 2-3, Диего Симеоне во 71 минута реши од игра да го повлече Кевин Гамеиро и внесе играч од средниот ред за да го успори темпото и да ја осигура победата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, ваквиот потег на стратегот не му се допадна на Антоан Гризман, кој се дрзна да му се меша во работата на тренерот.
Камерите го уловија Французинот како негодува и му се обраќа на Симеоне:
„Не, не, не. Не го вади него од игра. Тој е најдобар, тој е најдобар!“, му довикнуваше Гризман на Симеоне.
Чоло не само што не го послуша, туку му одржа добра лекција со тоа што го извади и него од игра седум минути подоцна.