Икарди во интервју за италијанските медиуми зборуваше за престојното градско дерби со Милан, но и за својата иднина.
Аргентинскиот голгетер призна дека имал многу понуди, но дека избрал да остане во Интер и воопшто не се покајал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина сум среќен во Интер. Имав контакт со други клубови, но решив да останам тука за доброто на моето семејство. Ова е мојот дом, не можам да си заминам. Сонував да играм во Лигата на шампионите со Интер и сега тој сон се исполни. Не знам дали продолжувањето на договорот ќе дојде пред Божик, но ќе се обидеме брзо да постигнеме договор“, изјакна Икарди.
Напаѓачот потоа проговори за престојното дерби и ривалитетот со Гонзало Игуаин.
„Тоа е мечот кој сите во Милано го чекаат. Дуелите со Јуве и Милан се специјални, не се како другите. Милан има одлични фудбалери, но ако треба да извадам еден од тимот тоа сигурно ќе биде Игуаин. Едноставно тој е фантастичен напаѓач и фудбалер кој му недостасуваше на Милан“, изјави Игуаин.